Општина Струга со предлог до Владата наставата да се одвива според моделот со физичко присуство

- Локални
491

 

Во салата на Советот на Општина Струга се одржа средба меѓу раководителот на секторот за наука и образование г-дин Дашмир Насуфи и директорите на основните и средните училишта на Општина Струга. На средбата се дискутираше за моделите според кои наставата ќе се одржи во основните и средните училишта, предложени од Владата на РСМ и воедно беше предложено директорите на училиштата да изготват наставен план за еден од моделите што ги предлага владата во соработка со советот на родители имајќи ги во предвид условите во кои работат училиштата, со цел да се задоволат потребите и барањата на учениците.

„За време на дискусијата за моделите на организирање на наставата во основните и средните училишта беше заклучено дека моделот со физичко присуство е најсоодветен и поефективен модел за учениците, но овој предлог останува да се разгледа првично од страна на Советот на родители, а потоа и од епидемиолозите и од Владата, кои и ќе ја донесат конечната одлука.“ – информираат од Општина Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари