Oпштина Вевчани нема да организира концерти за Свети Василија, но нема надлежност над Василичарките поворки

- Локални
419
Општина Вевчани се откажува од организирање на концертите на 12- ти и 13- ти јануари за да се спречи масовно собирање поради пандемијатата со Ковид-19. Но, нема надлежност да ја одложи ,,Свети Василија.“
“Општина Вевчани нема право да се меша во тоа дали ќе има поворки на василичарските друштва, меѓутоа ќе апелираме да нема групно собирање, да нема посети на домовите, да се запазат мерките што ги налага Комисијата за заразни болести. Сигурен сум дека ќе се применат тие мерки за да може да го славиме Свети Василија онака како што сме го славеле со векови”.-истакна градоначалникот Сашо Јанкоски.
Strugaonline

Facebook Коментари