ФФМ: Преговараме за продолжување на соработката со Ангеловски, објавата дека веќе е заменет е шпекулација

- Спорт
441

Информацијата дека Роберт Просинечки ќе го замени Игор Ангеловски на селекторската функција во македонската фудбалска репрезентација и тоа во пресрет на Европското првенство, која ја објави српски ,,Курир“ предизвика многу реакции во јавноста, а ФФМ истата ја окарактеризираше како шпекулација.

-ФФМ потенцира дека останува на ставот кој веќе го објави претседателот Муамед Сејдини, а според кој федерацијата прво ќе преговара за продолжување на соработката со Ангеловски, кој со фудбалерите има и најголема заслуга за историскиот пласман на Европското првенство.-информираа од федерацијата.
Сејдини во телевизиско интервју неодамна најави дека ФФМ со Ангеловски ќе преговара после празниците, па тогаш ќе се знае дали ќе биде продолжен неговиот договор кој истекува на 31-ви декември.
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари