Оваа сабота промоција на книгата „Вевчани – родови, потомци и судбини“ на Анастас Ќушкоски во Вевчани
Во рамки на одбележувањето на 30 години Општина Вевчани, на 15 август 2026 година ќе се одржи културната манифестација „Вевчани: Историја впишана во лугето и сликите“, која ќе понуди можност за навраќање кон богатото културно и историско наследство на Вевчани.
Настанот ќе започне во 19:00 часот, во Мултикултурниот центар Вевчани, каде што ќе биде отворена изложбата на фотографии „Вевчани – приказна која трае“.
Во рамки на вечерта ќе се одржи и промоција на книгата „Вевчани – родови, потомци и судбини“, чиј автор е Анастас Кушкоски. Книгата, како што најавуваат организаторите, носи приказни и сведоштва поврзани со вевчанските родови, нивните потомци и животните патишта, со што претставува своевиден запис за историјата и луѓето кои го обележале Вевчани.
За книгата и нејзиното значење ќе говорат промоторите Мирјана Мирчевска и Мишо Китановски.
Преку фотографиите, книгата и сведоштвата за вевчанските семејства, настанот има за цел да ја доближи историјата на Вевчани до јавноста и да потсети на богатото наследство кое се пренесува од генерација на генерација.
Културната програма е дел од одбележувањето на 30-годишнината од постоењето на Општина Вевчани, а организаторите ги покануваат граѓаните и посетителите да бидат дел од оваа вечер посветена на историјата, луѓето и приказните што го сочинуваат духот на Вевчани.
Настанот ќе се одржи на 15 август со почеток во 19:00 часот во Мултикултурниот центар Вевчани.
StrugaOnline

