Лев банер Десен банер

Започнува пријавувањето за „Ревија на народни носии – Струга 2026“

Започнува пријавувањето за овогодинешното издание на „Ревија на народни носии – Струга 2026“, која ќе се одржи на 5 септември 2026 година во Струга.

Овогодинешната ревија ќе се реализира под слоганот „Сјајот на македонската народна носија – 55 години“, во чест на традицијата, богатството и убавината на македонските народни носии.

Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани учесници да се пријават и на сцената да презентираат една или повеќе народни носии од својата збирка, по сопствен избор и на слободна тема.

Пријавите треба да содржат име и презиме на сопственикот на народните носии, опис на носиите, информација за деловите од кои се составени, како и неколку фотографии од носиите.

Пријавите треба да се испратат на е-mail адресата: kud_ilinden@hotmail.com, најдоцна до 25 август 2026 година.

„Ревијата на народни носии – Струга 2026“ претставува можност на едно место да се соберат и презентираат дел од богатото македонско етнолошко наследство, преку автентични носии, традиционални елементи и приказните што ги носат со себе.

За повеќе информации заинтересираните можат да се обратат во Н.У. Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, или на телефонскиот број 078 240 493.

Пријавувањето трае до 25 август, а ревијата ќе се одржи на 5 септември во Струга.

StrugaOnline

error: