Паноски: Утрешниот ден на езерото ќе го пречекаме со фактот дека Охридското езеро е со висок квалитет на водата

- Локални
698

Утре Охрид ќе биде домаќин на свеченоста по повод одбележувањето на 21-ви јуни, Денот на Охридското езеро.

„Пред 20 години го прогласивме Денот на Езерото, а денес, најубав подарок ни се новите резултати од мониторингот на водите, кој го спроведовме во февруари. Можам да кажам, што е потврдено и со зимските анализи, дека Езерото е со висок квалитет на водата, со олиготрофен статус и дека сите параметри се под максималните граници, со единствен проблем кај реката Черава. Ќе ги споредиме резултатите и со пролетните и со летните мерења и тоа ќе нѐ води до квалитетна програма на мерки во Планот за управување со сливот на езерото. Само со работа може да се сочува статусот на УНЕСКО”, вели Дејан Паноски,  Координатор на ГЕФ Дримскиот Проект .

Манифестацијата за одбележување на денот на езерото се одржува веќе 20 години, а целта на одбележувањето е да се подигне јавната свест и да се покаже грижата за заштита на езерото.

Strugaonline

Facebook Коментари