„Петар Пан: Големата битка“ повторно пред публиката, прва реприза на детската театарска претстава на 7 август во Струга
По успешната премиера, детската театарска претстава „Петар Пан: Големата битка“ ќе ја доживее својата прва реприза, нудејќи им на најмладите, но и на сите љубители на театарот, уште една можност да отпатуваат во магичниот свет на Недојдија.
Претставата ќе се одигра на 7 август (петок), со почеток во 20:30 часот, на Кајакарско во Струга.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со фантазија, авантура и незаборавни театарски моменти, во која публиката повторно ќе ги следи возбудливите случувања на Петар Пан и неговите пријатели во борбата меѓу доброто и злото.
„Петар Пан: Големата битка“ е наменета за целото семејство и претставува можност најмалите да уживаат во светот на безгрижното детство, храброста и пријателството, додека возрасните ќе се потсетат на магијата на омилената приказна.
Билетите за претставата се достапни во Барабар, а организаторите ги повикуваат сите мали и големи сонувачи да си обезбедат место навреме и да бидат дел од оваа театарска авантура.
StrugaOnline

