Писателот Разме Кумбароски ја промовира новата збирка ,,По долини, по рамнини“

- Локални
646

Во едицијата:Современа македонска поезија излезе од печат најновата збирка ПО ДОЛИНИ ПО РАМНИНИ – Песни,која опфаќа педсеттина песни во проза. Уредник на книгата е познатиот македонски поет Веле Смилевски,а рецензент :Јован Дамјановски.

Разме Кумбароски,е современ македонски писател, поет, критичар, романсиер, есеист преведувач и музичар.

Роден 1944 година во Струга.Основно и средно образование завршува во Струга и Охрид.Дипломира на Филолошкиот факултет-група Историја на книжевностите на Универзитетот „Свети Кирил и Методија“ во Скопје.Во 1980  година магистрира на факултетот за политички науки,Сеучилиште во Загреб, Хрватска.

Автор е на следните книги:Зинда,Воден премин ( поезија со графикаи на Димитрие Дурацоски),Мусандра,Манастир (поезија со фрески од Менде Ивановски),Дарови за душата,Истанбул,Троја,Потковица и зла месечина,Островот на рајот,По патот,Есеи-Библиографско издание со нумерисани броеви и фотографии од стара Струга,Сон на летната ноќ,Стаклена планина (избор),Попладнето во август,Склана Гора,Вечерно молчење,Поетите од Струга,Меандра,

Романите на Разме:Мириси галии,Чудесија,Остров на тивките меандри,Архипелаг,Студ.

Критика,есеи,теорија:Минатата година во Енхалон,По патот,Медитерански есеи,Миладиновци (коавтор),Година ек.

Во 2006 награден е од Друштвото на писателите на Македонија за есејот Бревијарот на градот и писателот.

Застапен е во повеќе Антологии на македонската литература.Преведен е на повеќе светски јазици.Бил покренувач и прв претседател на манифестацијата Млада Струга.Основач е и раководител на Медитеранската Академија и меѓународната литературна манифестација Година на есејот.Долго годишен секретар на Стушки вечери на поезијата а едн период и директор.Добитник е на повеќе меѓународни награди и признанија во земјава и старнство.Пензионерските денови ги минува во родната Струга каде што неуморно твори и во третата доба.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари