Пливачката школа во Струга работи со полна пареа, можност за уписи во текот на целата година

- Локални
1034
 
Пливачката школа од триатлон клубот „3 Disciplines“и оваа година со полна пареа повторно работи во базенот на хотел Struga Beach Hotel Mirage поради лошите временски услови.
,,Како што ќе се поправa времето се префрламе во езеро. Веќе четири години сме единствениот активен клуб во Струга со дејност спорт- пливање кој и покрај сите препреки успева да биде најуспешен клуб во оваа нова историја со тешки услови за пливање преку целата година.
Нашата голема љубов кон децата и посветеност  носи одлични резултати и освоени безброј места во овие четири години по пливање и триатлон како и безброј насмевки кај вашите деца.
Нашето мото е ,,Без услови до успеси”-велат од триатлон клубот.
Од таму додаваат дека уписи на нови членови се вршат секој ден преку цела година
Групата за почетници е од 5 до 7 деца зависно од возраста.
Телефонот за контакт 072 225 032 -тренер Никола Кутаноски.
Strugaonline

Facebook Коментари