Почина струшкиот писател Петко Шипинкароски

- Локални
2424

Денеска почина познатиот струшки писател Петко Шипинкаровски.

Петко Шипинкаровски, писател и поет, драматург, есеист и книжевен критичар, е роден 1946 година во селото Будимирци, Битолско. Основно образование завршил во Будимирци и Старавина, а со средно образование се стекнал во Битола. Дипломирал на Факултетот за безбедност при Универзитетот Св Кирил и Методиј во Скопје.

Шипинкаровски е автор на бројни литературни дела за кои има добиено низа награди и признанија во и надвор од границите на нашата земја. Негови песни се преведувани во книжевни списанија во земјите од регионот, а освен како автор, Петко Шипинкаровски е познат и како успешен организатор на манифестацијата Струшки книжевни средби и издавач на ревијата „Бранувања“. Шипинкаровски важеше за еден од големите поддржувачи на сите млади таленти кога станува збор за пишаниот збор.

Редакцијата на Strugaonline и Play radio имаше одлична соработка со овој реномиран автор, кој секогаш беше тука  да ги промовира сите книжевни настани во Струга.

Последната збирка на Шипинкаровски насловена како „Саемско небо“ излезе од печат на почетокот на месецов.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капела на градските гробишта во Струга од 12 до 13 часот. Погребот ќе се одржи во Понеделник 27-ми Јануари.

Strugaonline

Facebook Коментари