Поетесата Ана Бландијана од Романија е лауреат на годинашниот „Златен венец“ на СВП

- Локални
739

Романската поетеса Ана Бландијана е лауреат на годинашниот „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.

Дирекцијата и Управниот одбор на СВП оваа одлука ја објавија денеска на Светскиот ден на поезијата.

Педесет и осмото издание на Струшки вечери на поезијата традиционално ќе се одржи на крајот на август годинава.

Ана Бландијана, престижниот „Златен венец“ ќе го добие на меѓународниот поетски митинг „Мостови“, на затворањето на Струшките вечери на поезијата.

 

 

Facebook Коментари