Лев банер Десен банер

Поетска вечер и изложба денес во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга

Во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, денеска ќе се одржи културен настан кој обединува поезија и ликовна уметност.

Пред струшката публика ќе настапат авторките Вања Влаховиќ, Лида Шерафатманд и Виолета Наумовска, кои ќе приредат поетско читање, проследено со изложба.

Настанот ќе се одржи во салата за работилници (соба бр. 2), со почеток во 18:00 часот и ќе трае до 19:30 часот. Влезот е бесплатен за сите посетители.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со уметничка инспирација и можност за љубителите на културата да уживаат во поетски израз и визуелна естетика.

StrugaOnline

error: