Млади флејтистки од Струга со врвни успеси на фестивалот „Сергеј Михајлов“ во Штип
Во рамки на шестиот Меѓународен фестивал со натпреварувачки карактер „Сергеј Михајлов“, кој деновиве се одржува во Штип во организација на здружението „Уметност за сите“, млади музички таленти од Македонија и регионот имаат можност да го покажат својот уметнички потенцијал.
Фестивалот, кој се реализира во периодот од 22 до 27 април на повеќе локации низ градот, обединува голем број млади уметници и љубители на класичната музика.
На 25 април на сцената настапија и младите флејтистки од Струга, од класата на м-р Светлана Богданоска Ристоски, кои постигнаа значајни резултати.
Виола Оџа, ученичка во ООМУ – Струга, освои прва награда во својата категорија, потврдувајќи го својот талент и посветеност.
Во исто време, ученичките од ДСМУ „Тодор Скаловски-Тетоец“ – Тетово, од дисперзираните паралелки во Струга, исто така се закитија со високи признанија:
Ера Зиба освои прва награда, додека Марија Дузлеска доби втора награда.
Овие успеси претставуваат значаен поттик за младите музичари и доказ за квалитетната работа на музичките педагози во регионот.
StrugaOnline

