Полициски службеници од ОВР Струга го реализираа превентивно-едукативниот проект ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

- Локални
68

На 21.09.2022 година во Струга, Отсекот за превенција- ОВР Струга го реализираа превентивно-едукативниот проект ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Притоа, полициски службеници ги посетија учениците од прво одделение во Основното училиште ,,Браќа Миладиновци“ и низ интерактивен пристап на најмладите им презентираа информации корисни за нивната безбедност во сообраќајот, ги запознаа со основните сообраќајни правила и прописи значајни за нив како пешаци-учесници во сообраќајот.

На учениците им беше поделен соодветен сообраќајно-едукативен материјал, кој треба да придонесе за нивна поголема сообраќајна култура и безбедност во сообраќајот.

Извор: СВР Охрид

StrugaOnline

Facebook Коментари