Во сабота ЈЗУ Специјализирана болница за Нефрологија – Струга ќе организира контролни превентивни прегледи на отворен простор

- Локални
1314

Во сабота, 24.09.2022 година, ЈЗУ Специјализирана болница за Нефрологија – Струга организира контролни превентивни прегледи на отворен простор. Местото каде што ќе се одржат овие прегледи е шеталиштето пред Соборниот храм “Св. Ѓорги” – Струга.

Од страна на тимот на ЈЗУ Специјализирана болница за Нефрологија – Струга ќе биде вршена контрола на шеќер во крв, проверка на крвен притисок и превенција на бубрег.

Навремените прегледи го чуваат нашето здравје! – истакнуваат од ЈЗУ Специјализирана болница за Нефрологија – Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари