Порака Нова организираше Гала настан за мобилни апликации во Грац, Австрија со учесници од Македонија,  Европа, Азија и Африка

- Локални
266

Од 26-28 aприл 2023, Порака Нова – Струга како лидер на проектот mPreneur поддржан од Европската Унија преку Еразмус+ програмата во соработка со партнери од Азија, Африка и Европа, го организираше Гала настанот за младите претприемачи и иноватори на мобилни апликации со социјален имакт каде тие имаа шанса и да учествуваат на познатите WSA – World Summit Awards и European Young Innovators Festival. На настанот присуствуваа над 300  учесници од целиот свет.

,,WSA (World Summit Awards) е единствен систем на награди што избира и промовира дигитални иновации за подобрување на општеството. WSA е меѓународна платформа за врвни примери за тоа како новите технологии може да влијаат на општеството на позитивен начин. Оваа година нашиот проект беше воведен како нова категорија во наградниот систем на младите иноватори од Азија, Африка и Европа.“ – информираат од Порака Нова.

16 учесници кои беа избрани за национални победници во рамки на проектот mPreneur од земјите, Македонија, Австрија, Филипини, Сингапур, Кенија, Уганда и Танзанија имаа шанса да ги представат своите решенија пред познатата заедница од експерти и професионалци на WSA. Воедно и да се натпреваруваат во категоријата mPreneur и да се изберат најдобрите 3 мобилни апликации.  Програмата беше исполнета со низа работилници, предавања, менторирани сесии, споделување исуства со врсници и едукација во областа на нови технологии, социјални иновации, социјални претприемништво од голем број експерти од целиот свет.

За континентални победници беа избрани следните 3-те мобилни апликации:

Африка – Dawa Mkononi App
Азија – Sakahon App
Европа – Nochba App

Повеќе информации може да се прочитаат на официјалната веб страница – https://mpreneur.myouth.eu/

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари