Новак Ѓоковиќ ќе може да игра на УС Опен

- Спорт
281

Со одлуката на американската администрација од 11 мај се укинува обврската за задолжителна вакцинација против ковид-19 за странски државјани, кои сакаат да влезат во Соединетите Американски Држави, така што,  Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи на Грен слем турнирот УС Опен

Белата куќа соопшти  дека задолжителната одлука за вакцинација, која беше донесена во 2021 година поради ковид-19, истекува на 11 мај за федералните вработени и странските државјани кои патуваат со авион.

УС Опен започнува на 28. август и ќе трае до 10. септември

Facebook Коментари