На 17-ти февруари оваа година, околу 14:00 часот, избувнал пожар во месноста „Суво поле“, во атарот на општина Вевчани.
– На една парцела целосно изгореле 1.500 костенови насади и 200 ореови насади, сопственост на фирма, а на втората парцела 14 ореови насади и двеста метри црево од систем за наводнување „капка по капка“, дадени под концесија на фирма од Вевчани. Пожарот бил локализиран, а потоа и целосно изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга. По овластување на Јавен обвинител, на местото на пожарот увид направи екипа на Полициската станици од Струга, информираат од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари