Пожар во стрниште и три штали во с. Мороишта

- Локални
1362

Вчера во с. Мороишта во 14:28 пријавено е опожарено стрниште.  Од страна на ТППЕ Струга веднаш  била испратена една екипа со двајца пожарникари , но за кратко време на истата локација биле опожарени три објекти ( штали ) , по добиената информација веднаш биле испратени дополнителни три возила и девет пожарникари .

„По пристигнување на лице место најпрво беше  пристапено кон штитење на најблиските објекти (куќи ) со тоа што се спречи опожарување на истите, а потоа и кон гасење на другите објекти . Веднаш беше побарана помош од ТППЕ Охрид која несебично испрати две противпожарни цистерни и четири пожарникари и се приклучи кон локализирање на пожарот. Предизвикана е голема материјална штета но за среќа нема повредени лица . ТППЕ Струга упатува благодарност до цивилното население и екипите на БРЗА ПОМОШ Струга и ТППЕ Охрид кои пожртвувано и несебично се вклучија во денешната акција.“ -информираат од ТППЕ Струга

Strugaonline

Facebook Коментари