Проекција на филмот „Четири раце“ вечерва во Струга

- Локални
679

Вечерва со почеток во 19:00 ч. во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе се прикажува играниот филм „Четири раце“. Влезот е 100 денари.

Кратка содржина: Откако Софи и Џесика биле сведоци на едно свирепо убиство во нивното детство, Џесика и ветила на својата помлада сестра Софи дека секогаш ќе ја чува, меѓутоа како стануваат возрасни ова постанува опсесија. Сега, Џесика (28) страда од параноја и насекаде гледа закани кон неа и нејзината сестра. Додека пак Софи (26) сака да живее нормален живот без никакви стравови и без својата сестра. Сака да постане пијанистка и среќно да се вљуби. Кога сторителите на свирепото убиство ќе бидат ослободени од затвор по 20 години, Џесика се шокира и веднаш сака да им се спротивстави. Но несреќно целосната ситуација се променува. Ветувањето на Џесика, дека секогаш ќе ја чува помалата сестра, се претвара во кошмар.
Филмот е од четврта категорија и е наменет за лица постари од 16 години.

Strugaonline

Facebook Коментари