Предавање на тема „Стресот денес“ со Д-р Методи Чепреганов утре во Охрид

- Локални
779

Утре од 12:55 часот во Прличевата одаја во Охрид во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Организацијата на жени од Битола ќе се одржи предавање на тема  „Стресот денес“ Предавач ќе биде   проф. д-р Методи Чепреганов.

Д-р Методи Чепреганов е познат и искусен специјалист по невропсихијатрија и епилептологија.

Низ ситe векови и во сите цивилизации од постоењето на светот, бројни мислители и филозофи го актуелизирале прашањето на моќта на човековиот деструктивен нагон, поточно на човековата агресија, во секојдневните интерперсонални односи, но и надвор од нив, но, за жал дефинитивен одговор до денес не постои. Агресијата, како интерконтакт и однос помеѓу нас била и останува понатаму актуелна.
Отворено е прашањето: колку, на кој начин и со каков интензитет, емотивните меѓусебни контакти во меѓучовечките односи имаат влијание врз нашиот афективен живот, врз расположение, блискост и меѓусебно разбирање,почитување, толеранција и флексибилност?

Одговорите на овие прашања ќе ги добиете токму од Д-р Чепреганов. Влезот е слободен.

Strugaonline

Facebook Коментари