Таксират во топ 10 најдобри европски фестивали

- Забава
209

По вторпат во последните 10 години, Таксират фестивал е избран за еден од 10-те најдобри фестивали во Европа кои се одржуваат во затворен простор.

Европските фестивалски награди, најзначајното фестивалско натпреварување на планетата вчера ги објави финалистите за годинава. Преку 350.000 фестивалски фанови ширум светот гласаа за своите фаворити, а годинава Таксират е повторно меѓу првите десет во категоријата „Најдобар фестивал во затворен простор“ (Best Indoor Festival). Овој избор е организиран од страна на Европски награди за фестивали (European Festival Awards).

Заедно со Таксират во најдобри 10 се и фестивалите: Blues in Hell (Норвешка), FOCUS Wales (Велс), Hamburg Metal Dayz (Германија), Let it Roll Winter (Чешка), MENT Ljubljana (Словенија), Mithra Jazz à Liège (Белгија), Prognosis Festival (Холандија), Reeperbahn Festival (Германија) и Sudwave – Festival & Convention (Италија). Наградите ќе бидат доделени на свечената церемонија во Гронинген, Холандија на 15-ти јануари која се одржува во рамки на Eurosonic Noorderslag конференција.

Годинава Таксират се одржа од 28-ми ноември до 8-ми декември и за време на 8-те фестивалски дена, настапија над 70 музички групи од 20 земји од светот и повеќе од 15 000 посетители. Наредниот Таксират 22 се планира да биде најамбициозно издание досега. Повеќе информации на 15-ти јануари од изборот за најдобар европски фестивал во Холандија.

Strugaonline

Facebook Коментари