„Преку разгледница до инклузија“-Порака Нова објави конкрус за фотографии од Струга и Охрид

- Локални
67

Со наслов  „Преку разгледница до инклузија“, Порака Нова-Струга објави фото конкурс за  фотографи, (аматери или професионалци) со што ќе бидат овековечени безвременските пејсажи и културното наследство на нашите прекрасни македонски дестинации и целиот регион заштитен од УНЕСКО. Освен естетска, конкурсот има и хумана мисија.

-Со своите дела фотографите ќе допринесат во една позитивна мисија, бидејќи продажбата на разгледниците ќе биде извршена од лица со попреченост, која ќе им помогне во нивниот самостоен живот, самовработување и социјализација. -информираат од Порака Нова.

Најдобрите 15 фотографии ќе бидат избрани за да се испечатат во форма на разгледници. Авторите на истите ќе добиваат 10% од секоја продадена разгледница и ќе бидат исплаќани на месечно ниво.

-Сите права и обврски ќе бидат регулирани со посебни договори со избраните фотографи по направената селекцијата. Нивното име, бренд/лого, вебсајт, ќе бидат додадени на задната страна на разгледницата. Преку целиот процес, фотографите и нивниот бренд ќе бидат промовирани преку кампањата за продажба-потенцираат од Порака Нова.

Додаваат дека сите пристигнати фотографии ќе бидат прикажани на виртуелна изложба на вебсајтот на Порака Нова и промовирани на социјалните медиуми.

Краен рок за аплицирање на конкурсот е 15 мај, а прогласување на победничките 15 фоторгафии ќе се случи на 25 мај.

Селекцијата ќе ја прави стручно жири составено од  фотограф, археолог и културен работник.

Strugaonline

Facebook Коментари