Во понеделник во Струга инфо сесија во рамки на радио ателјето ,,Духови на радиото“

- Локални
64

Во понеделник во Струга ќе се одржи првата инфо сесија во рамки на радио-ателјето ,,Духови на радиото“ во организација на Инцијативата за независен културен активизам ИНКА.

Инфо сесијата ќе ја одржи  медиа дизајнерот Харис Сахачиќ од Сараево, кој  како уметник во резиденција,  во Струга  ќе престојува од 21-ви април до 8-ми мај.

-Главната идеја на семинарот е креативно да ги осознае уметничките, технолошките и општествените аспекти на радиото како глобален, интерконтинентална, регионален, локален и филозофски концепт кој годинава слави 100 години од првото радио емитување. Концептот на Радио ателје, се фокусира на практично, техничко и теоретско експериментирање со четирите аспекти на радио продукција: алатки; звучни кулиси; морфологија на артикулација; електро акустична продукција на звук.-информираат од ИНКА.

Додаваат дека  овој семинар е наменет за сите ентузијасти од кои сакаат да експериментираат и да се изразуваат преку аудио медиски формати; да стекнат технички и теоретски знаења за радио продукција; мултимедијални уметници, електротехничари, програмери заинтересирани да кодираат звук и сите останати од југозападниот регион кои сакаат да ги збогатат своите вештини за аудио продукција.

Во рамки на семинарот, планирани се прошетки за “собирање” на звучни слики, работа во студио и други интерактивни сесии за индивидуално и групно експериментирање.

Инфо сесијата ќе се одржи во локалот ,,Дуќан“ со почеток во 18:00 часот.

Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари