Премиерот Заев утре во Охрид, Кандаска компанија ќе отвори нови работни места во охридско-струшкиот регион

- Локални
722

Премиерот на Зоран Заев на денешната седница на која се поставуваа пратенички прашања во Собранието на Република Македонија најави крупна странска инвестиција во охридскиот регион.

– Утре сум во посета на Охрид каде најавуваме нова странска инвестиција. Станува збор за канадска компанија која отвора многу работни места во охридско-струшкиот регион. Во овој момент не можам да го откријам името на компанијата, но можам да кажам дека разговараме со многу инвеститори. Јас верувам дека доаѓа подобар амбиент за бизнис во Република Македонија, истакна премиерот Заев на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Извор: ОхридПрес

фото: архива

Facebook Коментари