Претставата „Аналфабет“ во петок повторно ќе се игра во Охрид

- Локални
571

На репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во петок,  03.05.20119 година повторно ќе биде изведена претставата „АНАЛФАБЕТ” – комедија според текст на Бранислав Нушиќ,  а во режија Ѓорѓи Ризески.

Играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша
Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија
Адријана Билаловиќ Тодороска – Магдалена Лапајкоска – Дупева
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066
Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.

Strugaonline

Facebook Коментари