Претставата „Каде е пиштолот“ во петок ќе се игра во Охрид

- Локални
544

Овој петок, 17-ти мај,  на репертоарот на Народниот театар од Охрид ќе биде претставата „Каде е пиштолот?“ од унгарски автор Габор Ѓоргеј во режија на Дејана Николовска.

„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.

– Текстот ја обработува темата на власта. Со промена на власта дел од луѓето добиваат, дел губат. Токму со тоа им се случува на ликовите од претставата што ја прави исклучително актуелна, вели режисерката Николовска.

Зборот „пиштол“ предложен уште во насловот не е ништо друго туку театарски знак, систем на апстракции, симбол на моќта на насилство – кого ликовите го користат за да ги тероризираат останатите. Местото на дејство е затворен простор , во кој гледаме четири луѓе што седат и петтиот како вперува пиштол во нив. Четири од нив секогаш сакаат да излезат надвор од собата, а петтиот секогаш ќе се чувствува добро внатре. Тоа е оној кој е со пиштолот. Изворот на сите проблеми е токму тој – пиштолот. Пиштолот би можел да има и понаква намена, но не во овој случај. Тажно е, но овде не е можно да живеете без пиштол!

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски.

Почетокот на претставата е во 20:00 часот, а цената на билетите кои се веќе пуштени во продажба е 200 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари