Струшките пензионери гостуваа на музички настан во Прилеп

- Локални
890

Членовите на мешаната пејачка група Распеани струшки пензионери „ЕЗЕРСКИ БРАН“која работи во состав на ЗП Струга гостуваше во здружението на пензионери во Прилеп. За време на посетата, струшката пејачка група беше под раководство на претседателката Нада Чоторошкоска.

Двасетина членови на групата со својот професор по музика Стојче Дејкоски, предводени од претседателот на ЗП Струга,  Милорад Трпоски, ги пееа песните „Абре моме,мало моме, „Излегла Евда низ чаршија“и „Доста ,доста лично бре моме“, а  ги изиграа и ората што ги  подготвуваат за настапот на 17 – та Регионална ревија на песни, музика и игри што  ќе се одржи  на 20-ти мај во Вевчани.

Оваа средба беше организирана од страна на  Роберт Тодороски, претседател на републичката хуманитарна невладина организација „Здружени срца“со седиште во Прилеп. Настанот се одржа на градскиот плоштад „Методија Андонов Ченто“, а имаше и хумана цел, бидејќи пензионерите кои гостуваа од повеќе градови, донираа за лице од Делчево на кое му се потребни средства за лекување.

Плоштадот  во Прилеп беше претесн за повеќе од 250 пензионери и други посетители на кои многу им се допадна оваа весела атмосфера и заедно со домаќините го продолжија заедничкото дружење.

Музичката  пензионерска средба ја поздрави претседателот на републичката хуманитарна невладина организација Роберт Трајкоски.Тој на сите учесници им заблагодари за учеството, а посебно ја нагласи традиционалната соработка со ЗП Струга и им посака уште многу вакви  слични пензионерски средби. Тој  потенцираше дека со игра, песна и дружење поубаво се старее.

Teкст  и фото: Стојан Кукунешоски

 

Facebook Коментари