Претставата ,,Петар Пан-Големата битка“ на 1-ви јуни повторно пред струшката публика

- Локални
172
 Популарната театарска претстава за деца и млади ,,Петар Пан-Големата Битка“ во режија на Мирослав Петковиќ, повторно ќе се игра пред струшката публика. Првата изведба за оваа година е закажана за 1-ви јуни во 20:00 часот на ,,Кајакарско“.
-Претставата ќе ве однесе на едно возбудливо патување кое засекогаш ќе остане врежано во вашите сеќавања. Дружењето во живо со Петар Пан, Венди, Капетан Кука, гусарите, индијанците и целата Недојдија долетаа во Струга. Затоа не пропуштајте ја шансата да полетате во магичниот свет на Петар Пан, па дури и на еден час! Сигурно со нетрпение го очекувате нашиот јунак Петар Пан, бељите на Капетанот Кука и неговата пиратска дружина, малиот, а сепак голем Џон, мудриот Мајкл , храбрата Венди и сезнајниот наратор.- велат организаторите.
Билетите може да се купат во Мезе бар Барабар и Мезе бар Кингстон по промотивна цена од 200 денари.
Поради голем интерес од публиката, оваа претстава минатата година имаше шест изведби.
Strugaonline

Facebook Коментари