Претставата ,,Разгалениот принц“ вечерва пред публиката во Охрид

- Локални
165

Во рамките на проектот – „Културата расте со децата“, вечерва со почеток во 20:00 часот на бината кај ТЦ Амам ќе се одигра театарската претстава за деца „Разгалениот принц“.

-Претставата е детска комедија, со многу едукативни и педагошки елементи кои се од особено значење за децата. Продукцијата е на Театар Хит од Скопје, а играат актерите Магдалена Ризова – Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов.-соопштуваат од Општина Охрид.

Настанот е дел од Програмата за деца на Општина Охрид.

Strugaonline

Facebook Коментари