Претставници на ОН и ЕУ во работна посета на Струга, во фокусот е зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион

- Локални
418
Во рамки на одбележувањето на Денот на Обединетите Нации, Постојаната Координаторка на ОН, Г-ѓа Росана Дуџак и Амбасадорот на Европската унија, Г-дин Дејвид Гир беа во посета и работен ручек во Струга, со градоначалникот Рамис Мерко.
Посетата и настанот беа дел од заедничките напори за застапување на ЕУ и ОН посветени на климатската акција и еколошката свест кај пошироката јавност. На средбата учествуваа и Г-дин. Кирил Пецаков, градоначалник на о. Охрид и Г-дин. Зоран Ногачески, градоначалник на о. Дебрца.
 
,,Заеднички се дискутираше  околу состојбите, напорите и перспективите за зајакнување на активностите за зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион како и соработката на општините со Обединетите нации и со Европската унија.,,-стои во соопштението од Општина Струга.

Facebook Коментари