-Новиот проект ОТВОРЕН КАБИНЕТ на Министерството за внатрешни работи, во рамки на утврдениот концепт „МВР за ГРАЃАНИТЕ“, кој веќе започна со реализација на 5 јуни во просториите на СВР Штип продолжува со предвидената динамика и во наредниот период.-информираше министерот Оливер Спасовски.
Тој најави дека Отворениот кабинет продолжува на 15 јуни, во просториите на ОВР Струга.

-Ги очекуваме граѓаните од ова подрачје во текот на оваа недела, телефонски на бројот 072 33 31 85 или електронски на [email protected], да си закажат термин за средба, а мојот тим ќе ве пречека и ќе ви овозможи и вашето мислење да добие на значење, да бидете дел од процесот на креирање политики во врска со безбедноста која нѐ засега сите нас.-стои во објавата на Спасовски
Додава дека доколку имате прашање за него како министер, идеја која сметате дека ќе ја подобри безбедноста, предлог за подобрување на севкупното работење на полицијата – а притоа досега не сте имале можност да ја презентирате во неговиот Кабинет во Министерството за внатрешни работи, Кабинетот на еден ден ќе дојде кај вас – во Секторот за внатрешни работи кој го покрива подрачјето каде што живеете.
Strugaonline
Facebook Коментари