Програма за „Ден на водни спортови Струга 2017“

- Локални, Спорт
1373

Клубот „Снегар“ од Струга организира „Ден на водни спортови – Струга 2017“.

Настанот ќе се случува на 8-ми септември на „Машка плажа“ во период од 9 до 23 часот

„Целта на Денот на водни спортови е да се анимира јавноста за различните водни спортски дисциплини, натпреварувачки дел за секој спорт оделно, дружење помеѓу спортистите како и разменување искуства и тестирање на различна опрема на која што спортистите ги докажуваат своите способности.“ -велат организаторите.

Според планираната програма, предвидено е во 09:00 часот да се случи свеченото отварање, додека пак во 10 часот и 3о минути официјално ќе започне натпреварувачкиот дел за едрење, веслање, кајак, кану и СУП.

Од 15и30 до 16 и 30 часот, предвидени се минути за „учиме да весламе“ и „учиме да едриме“.

Во 17:00 часот ќе бидат прогласени победниците од натпреварувачкиот дел, а од 20 часот и 30 минути ќе започне забавната програма.

Извор: Strugaonline

 

Facebook Коментари