Протест во Струга-Стоп за новите реформи во образованието, негативно ќе влијаат на емоционалното и физичко здравје на децата

- Локални
620

-Министерството за образование да престане насила да ги турка реформите во образованието низ мала врата. Нашиот став е дека реформите не се соодветни за децата.  Премногу се избрзани и потребно е да се прилагодат по мерките на ученикот.-ова е само една од пораките кои беа испратени вчера на родителско-граѓанскиот протест против реформите во образованието што се одржа во Струга.

Стотина граѓани од Струга потенцираа дека нема да дозволат грешки за кои потоа нема исправка, а како што велат, би влијаеле и на физичкото и на емоционалното здравје кај децата.

,, Стоп за укинување на хартиени учебници и целосна дигитализација; СТОП За сеопфатно сензитивно родово образование СТОП За воведување предмет,,Сексуално образование” во основно образование, и исклучување на предметот,,Етика на религии”; СТОП За укинување и кратење на фондот на часови по одредени предмети; СТОП За спојување на два или повеќе предмети во еден; СТОП За кратењето на часови по македонски јазик; СТОП За Инклузија БЕЗ обезбедени соодветни услови и образовни асистенти за децата со посебни потреби; СТОП За ОНЛАЈН настава! Да се креираат соодветни услови и протоколи за настава со физичко присуство! За вистински реформи во образованието може да се зборува кога ќе се погрижиме учениците да чувствуваат поголемо задоволство и безбедност, да се грижиме за нивното емоционално здравје, да дојдат понасмеани и посреќни на училиште, а на наставниците и професорите да им се овозможи подостоен живот и поголема почит на нивната професија. ,, -порача Снежана Николовска, претставник на Граѓанската иницијатива ,, Учебници и настава мора да има.“

Родителите велат дека се свесни за неминовноста на дигатилизацијата, но сметаат дека децата треба да бидат заштитени од негативните влјианија на истата.

Изложеност пред екраните, – навика на окото на високо контрани бои кои не постојат во природата, заслабување на видот,  слаба мускулатура на грбот од седење,  искривување на ‘рбетот се дел од физичките последици за кои родителите се загрижени дека би настанале кај нивните деца.

-Потенцирам дека како Општина сме една од најгласните во нашата борба, како институција Општина Струга на ниво на цела своја територија  уште на 21,04,2021 на состанок на градоначалникот со сите директори на училишта донеле одлука со која јасно укажуваат дека не се согласуваат со новите промени кои се во план да се спроведат. За своите ставови го известиле и МОН.-изјави Николовска.

Таа информираше дека истиот став го имаат и советите на родители во основните училишта ,,Браќа Миладиновци“ и ,,Јосип Броз Тито“ заедно со подрачните училишта во селата Радожда, Мислешево и Враништа.

Еден од заклучоците донесен на состанок на советот на родители од Јосип Броз Тито,  е дека предложениот текст  на законот за учебници и др. наставни и дидактички материјали во основното и средното образование ги повредува основните човекови права гарантирани со членот 26 од Универзалната декларација за човекови права и член 44 од Уставот на РСМ.

Родителите бараат широка општествена дебата за пронаоѓање на соодветни решенија за ова прашање.

Strugaonline

 

Facebook Коментари