РК Вардар рутински славеше во Струга

- Спорт
340

РК Вардар сосема очекувано ја совлада екипата на РК Струга  со 32-22 (15-10) во 12 коло од машката Супер лига.

Сега за Вардар остануваат  уште две средби на кои треба да победи за да ја добие рекордната 14. титула.

На две кола до крај на првенството Вардар има 33 бода, исто колку и Еурофарм Пелистер

Струга останува на последното 8. место на табелата во плејофот со само три бода.

На натпреварот со Струга, Вардар играше со својата втора постава, а нашиот тим сега е без седум играчи.

Во првото полувреме Вардар имаше и предност од плус 7, но Струга даваше отпор, па во првото полувреме Вардар прими десет гола.

Во второто полувреме Вардар имаше брза серија од +5, а стигна и до +11 и водство од 23-12. Стружани успеаа да намалат 3 гола од големата негатива , а во 51-та минута беше 19-27.
На крај предноста беше двоцифрена 32-22

Најефикасен играч на натпреварот беше Димитар Димитриоски со 11 гола, а во редовите на РК Струга  Христијан Крстановски и Филип Пајкоски постигнаа по 6 гола.

Во следното коло  Струга го игра „езерското дерби“ со Охрид.

Facebook Коментари