Работилници за изработка на документарни видеа и креативни постери-пријавете се

- Локални
662

Здружението за афирмација на културата Багер Генезис 2.0 Струга, во соработка со CIVICA Mobilitas програмата за поддршка на граѓанското општество, објавува повик за учество на работилници за обука за изработка на документарни видеа и подготовка на креативни постери, како дел од акцијата „Граѓаните во нашиот град, главни актери или неми статисти“.

Максималниот број на учесници на двете работилници е 20 млади, на возраст од 16-29 години.
Работилница за изработка на документарни видеа: 20те избрани учесници на работилницата за изработка на документарни видеа ќе имаат можност да присуствуваат на неколкудневни обуки, распределени во два месеци, каде ќе бидат запознаени со целиот процес на продукција на документарно видео, од почетна идеја, сценарио, режија, камера, звук и монтажа. Резултат на обуките треба да бидат 4 продуцирани кратки документарни видеа од учесниците, кои ќе бидат поделени во тимови од 5 члена.
Работилница за изработка на креативни постери: 20те избрани учесници на работилницата за изработка на креативни постери ќе имаат можност да присуствуваат на неколкудневни обуки, распределени во два месеци, каде ќе бидат запознаени со процесот на изработка на постер, од почетна идеја до финална изработка, со помош на дигитални алатки. Резултат на обуките треба да бидат 10 креативни решенија кои ќе адресираат општествени проблеми кои ги засегаат граѓаните на градот.
Теми во фокус на документарните видеа и креативните постери ќе бидат доброто владеење во нашата општина, владеењето на правото, заштитата на природното наследство, борбата со дивоградбите во заштитените зони, со цел мотивирање на граѓаните, а посебно на младите да не бидат само неми статисти кога се во прашање политиките и уредувањето на градот во кој живеат.
Доколку сте заинтересирани за учество во работилницата, испратете ваша кратка биографија, со назнака за која работилница се пријавувате, на  e-mail адреса [email protected], најдоцна до 20.09.2020.

Strugaonline

Facebook Коментари