Ракометарите на Струга по убедливиот пораз од Охрид во езерското дерби, славеа на домашен терен против Радовиш со 27-21. На полувреме беше 15-10.
Во второто полувреме Струга водеше и со плус шест, 24-18, но екипата на Радовиш со серија од три голови преку Долдуров и Ристов намалија на 24-21 на десетина минути до крајот.
И покрај оваа серија, Радовишани немаа сила за пресврт, па Струга на крај славеше со 27-21.
Најдобри стрелци во нашиот тим беа Богдан Николиќ со десет голови и Пеце Рајатовски со шест, додека кај Радовиш по четири погодоци постигнаа Зоранчо Стојановски и Ивица Илиев.
Strugaonline
Facebook Коментари