Во рамки на Супер машката лига, тимот на РК Струга вчера на домашен терен славеше над тимот на Скопје 2020 со резултат 31:25. Стружани од почетокот на натпреварот имаа целосна доминација.
Голманот Тутенкоски имаше 17 одбрани, најефикасни во екипата на РК Струга беа Лазаревиќ со 8 погодоци, Бугариновиќ постигна 7, а Никола Цветаноски 5 гола. Кај гостите најефикасен беше Марио Мишевски со 10 погоодци.
Facebook Коментари