РК Струга славеше над Пролет

- Локални, Спорт
535

Ракометарите на Струга ја совладаа екипата на Пролет  и славеа со 25-21 (12-12) во својот 11 дуел од  Суперлигата.

Со овој  триумф стружани ја освоија  третата позиција на табелата во групата А и го минаа Голден Арт КЛ7 за пласман во плеј-оф сегментот на победниците. Струга сега има 19 бодови и меч со Јуниор Кисела Вода до крајот.

Првиот дел од натпреварот заврши нерешено 12-12, а во вториот дел стружани ја презедоа контролата и поведоа со +4. Екипата на Пролет не можеше да го следи ритамот па Струга само продолжи со одржување на предноста и стигна до потребната победа.

Strugaonline

Facebook Коментари