РК Струга со убедлива победа над Вардар Јуниор

- Локални, Спорт
926

РК Струга на домашен терен убедливо  ја совлада  екипита на Вардар Јуниор со резултат 32:22. Уште на почетокот на натпреварот стружани покажаа дека сигурно одат кон целта, од првото водство со 3:1 продолжија во победничка атмосфера за првиот дел да го добијат со пет гола разлика (15:10), Вардар Јуниор ни во вториот дел од натпреварот не можеше да се доближи резултатски, па нашите ракометари само ја зголемуваа разликата и стигнаа до нови три бода.

Струга после две кола е еден од двата тима кои имаат шест бода и се наоѓа веднаш зад лидерот Е. Работник, кој има подобра гол-разлика.

СТРУГА – ВАРДАР ЈУНИОР        32:22 (15:10)

Сала: СЦ „Тими“ во Струга. Гледачи: 400. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

СТРУГА: Стојаноски, Кизиќ, Мечкароски, Кузмановски 4, Крстаноски, Петровски 8, Нацев, Тренчевски 2, Цителишвили 4, Јанкуловски, Трпчевски 3, Костески 2, Барлакоски, Бајрамоски 1, Костоски 1, Дихамињија 7.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 6 мин.

ВАРДАР ЈУНИОР: Ставровски, Димов 5, Јанковски 3, Кукуловски 4, Јакимовски 2, Карапалевски 2, Атанасовски, Бикоски, Ќосевски 1, Николовски, Гашоски, Димитровски 1, Крстевски 1, Анѓелковски, Ѓоргиев 1, Атанасовски 2.

Седмерци: 4/9, Исклучувања: 10 мин.

Strugaonline

фото:архива

Facebook Коментари