РК Струга утре дома игра со ГРК Тиквеш, Паткари повикуваат публиката да даде поддршка

- Локални, Спорт
434
Во рамки на десеттото коло од машката ракометна супер лига, екипата на РК Струга утре на домашен терен игра со екипата на ГРК Тиквеш.
Од навивачката група ,,Паткари“ ги повикуваат сите љубители на ракометот и поддржувачи на струшкиот клуб да бидат во салата ,,Нико Нестор“ и да дадат поддршка од трибините.
Почетокот на натпреварот е закажан за 14:30 часот, а собирот на навивачи ,,Паткари“ го закажаа во 14:00 часот пред сала.
Екипата на РК Струга е на четвртото место на табелата со 15 бодови.
Strugaonline

Facebook Коментари