Утре, 28.04.2018, со почеток во 14:00 часот, во спортскиот центар Тими во Струга, ќе се одигра натпреварот помеѓу РК Струга и РК Партизан од Гевгелија. Ова е меч од 21 коло на Првата ракометна лига. Со оглед на тоа дека нашите ракометари играат на домашен терен, се очекува бројна публика да ја даде потребната поддршка од трибините. После поразот од „Преспа“ време е за победа и радост во ракометна Струга.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари