РК Струга загуби од Металург Јуниор на домашен терен, во противничкиот тим најдобри беа стружаните

- Локални, Спорт
900

РК Струга во Првата лига до сега покажа извонредни резултати, но и поразите се дел од играта. Откако претходно загуби од најголемиот фаворит Бутел Скопје и од екипата на Вардар Неготино, нашите ракометари доживеаа пораз и на домашен терен од екипата на Металург Јуниор. Во салата Нико Нестор имаше одлична атмосфера кога стружани водеа со 7:1, но нештата започнаа да се менуваат. После резултат 14:9 за Струга,  Металург успеа да ситгне до 14:12. Гостинската екипа беше силна и во вториот дел кога успеа да израмни  на 14:14. Следуваа возбудливи минути со дури осум израмнувања, и двете екипи се бореа за победа. Последното израмнување донесе резултат 24:24, а потоа ракометарите на Металург Јуниор водеа со 24:26, потоа беше 25:27, за стружани да намалат на 26:27 и тоа беше крај на натпреварот. Од тимот на РК Струга голменот Мечкароски успеа да одбрани 16 удари, по пет голови дадоа Кузманоски, Попоски и Стојанов, а во гостинската екипа најдобри беа стружаните Дарио Симоноски и Слободан Новаковиќ.

Facebook Коментари