Ракометарите на Вардар убедливо славеа над РК Струга на 49. издание на Струшкиот ракометен турнир со резултат 39:26.
Вардарци доминираа во текот на целиот натпревар, израмнето беше само на почетокот на натпреварот (4:4) Потоа Вардар имаше серија со која се одлепи на 8:4. До крајот на првиот дел само рутински ја одржуваа предноста, иако Струга даваше отпор и покажа борбаност. Првиот дел заврши со 21:14.
Во вториот дел Вардар постојано одржуваше разлика од седум до девет голови разлика и на крај славеа со високи 39:26.
Strugaonline
Facebook Коментари