Романот „Еретички писма“ на Стефан Марковски објавен на англиски јазик

- Локални
548

Романот „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ од Стефан Марковски деновиве беше објавен на повеќе платформи за книги на англиски јазик.

Романот е достапен во печатена и електронска форма преку сајтовите на Barnes & Noble, ланец од над 600 книжарници ширум САД, Baker & Taylor, Tolino, Apple Books, Smashwords, француската книжевна платформа Vivlio и други платформи за литература во печатен и дигитален облик, како и библиотеки.

Романот може да се добие во печатен облик во книжарниците на овие платформи или во дигитален формат преку онлајн нарачка, како и преку Амазон, каде беше првично објавен.

Преводот на романот од македонски на англиски јазик е на Марковски, додека лектурата на англиски јазик е дело на Марија Петковска.

Македонското издание на книгата беше објавено во 2018-та од Издавачкиот центар „Три“.

Strugaonline

Facebook Коментари