РШ Струга Динг викендов славеше над тимот на РК Вардар 1961 во пионерска лига

- Локални, Спорт
464
Во петнаесеттото коло од пионерската лига, тимот на РШ Струга Динг 2021 забележа победа против екипата на РК Вардар 1961 со резултат 17:13 (8:4).
,,Во натпревар со добри одбрани, нашите пионери имаа константно водство, но во некои ситуации делувавме неснаодливо во нападот, што доведе до тоа противникот во второто полувреме да дојде до достижна негатива. Сепак, во мирна завршница на крајот бодовите останаа за нашиот состав. “-информираат од струшкиот тим.
Во следното коло тие гостуваат повторно во Скопје, овојпат кај екипата на Јуниор Кисела Вода.
Strugaonline

Facebook Коментари