Сениорките на ЖРК Стружанка во рамките од осмото коло во Прва женска лига на Република Македонија на домашен терен во спортската сала „Нико Нестор“ играа против екипата на ЖРК Овче Поле од Свети Николе каде што преку рутинска победа ја забележаа петтата победа и ја зацврстија четвртата позиција на табелта рамо до рамо со ЖРК Вардар.
Пред речиси полни трибини ЖРК Стружанка слевеше над гостите од Свети Николе со резултат од 39:27 (22:12).
ЖРК Стружанка со оваа победа се одалечи на +4 од Пелистер и се израмни со Вардар кои што играат меѓусебен натпревар во ова коло.
Уште на самиот старт ЖРК Стружанка со цвсрста и блага игра го зеде резултатот во своја полза.
Наредниот викенд ЖРК Стружанка гостува во Скопје кај ЖРК Цемс, eкипа која што е претпоследно пласирана на табелата со две победи и шест порази во досегашното натпреварување.
Стрелци на натпреварoт за ЖРК Стружанка беа:
- Јованоска Бојана 13 погодоци
- Делиоска Магдалена 8 погодоци
- Јовичанац Радмила 7 погодоци
- Затуроска Ивана 5 погодоци
- Јоноска Натали 2 погодоци
- Петреска Марија 1 погодок
- Затуроска Бојана 1 погодок
- Јусуфи Суела 1 погодок
- Дурацоска Стефанија 1 погодок
Извор и фото: ЖРК Стружанка
Strugaonline
Facebook Коментари