Сениорките на ЖРК Стружанка вчера славеа во Скопје против ЖРК ЦЕМС

- Локални, Спорт
877

Сениорките на ЖРК Стружанка вчера  во рамките од деветтото коло од најелитното ракометно натпреварување во Република Македонија се вратија  триумфално од Скопје со многу значајна победа против екипата на ЖРК ЦЕМС.

Во еден рамноправен натпревар , екипите на ЖРК Цемс и ЖРК Стружанка одиграа партија каде што до самиот крај беше неизвесно кој ќе ги добие трите бодови, резултатот го отворија домаќините но се играше гол за гол и на полувреме двете екипи заслужено заминаа со резултат од 12:12.

Второто полувреме исто така беше изедначено но ЖРК Стружанка предводена од инзвонредно мотивираната Ивана Затуроска која што денеска не знаеше да промаши и одличната чуварка на голот Марина Митоска сепак бодовите ги однесоа за Струга со конечен резултат од 24:25.

Со оваа победа ЖРК Стружанка во деветто коло со вкупно 19 бодови (6 победи, 1 нерешено, 2 порази) се наоѓа на четвртата позиција рамо до рамо со Вардар, Металург и Куманово.

Наредниот викенд ЖРК Стружанка на домашен терен го пречекува еден од најтешките противници за оваа сезона, екипата на ЖРК Металург која што моментално е на втората позиција веднаш до Металург.

Стрелци за ЖРК Стружанка на вчерашниот натпревар:

  1. Ивана Затуроска 9 погодоци
  2. Бојана Јованоска 7 погодоци
  3. Магдалена Делиоска 3 погодоци
  4. Натали Јоноска 3 погодоци
  5. Радмила Јовичанац 2 погодоци
  6. Марија Петреска 1 погодок

Извор и фото : ЖРК Стружанка

 

Facebook Коментари