Шумскиот пожар во планината помеѓу с. Вапила и с. Расино, охридско е се уште активен

- Локални
353
Шумскиот пожар во планината помеѓу с. Вапила и с. Расино е се уште активен.
Гори деградирана шума, досега се опожарени околу 12 хектари површина. ТППЕ – Охрид и денес се на терен со 1 пп возило и 6 пожарникари. Од утрово од 05:00 часот на терен се вкупно околу 50 луѓе. Пожарот гори на три страни и се прават напори за негово обиколување, но поради тешкиот терен гасењето оди отежнато. -информираат од „Центар за управување со кризи“.
Извор: ЦУК
Фото: Стојан Стојановски
StrugaOnline

Facebook Коментари