Со бесплатно мерење шеќер и предавање, во Струга ќе се одбележи Денот на дијабетичарите

- Локални
662

На 14.11.2019 година по повод Светскиот ден на дијабетичарите, во просториите на Црвен крст Струга ќе се одржи предавање за дијабет од страна на д-р Мира Костојчиноска од 9.30 до 10.30 часот. Потоа, од 11 до 13 часот пред хотел Београд ќе има бесплатно мерење на шеќер во крвта. Ова се активности кои Црвен крст традиционално ги организира за одбележување на Денот на дијабетичари како и за превенција од ова заболување.

Strugaonline

Facebook Коментари